Како реагира играч на спортска кога нема да „ФАТИ“ (ВИДЕО)

6.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Како реагира играч на спортска кога нема да „ФАТИ“ (ВИДЕО)

Да потсетиме Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, повеќе нема да биде изведувач на пенали за „црвените ѓаволи“, откако промаши од белата точка во месец август  во редовното 2 коло од Премиерлигата и натпреварот заврши 1-1 со Вулверхемптон.

Овој натпревар беше од големо „значење“ за еден наш сограѓанин,познатиот бербер Фуфо од Драчево. Според објавеното видео на социлајните мрежи Тој чекаше само еден гол на Манчестер јунајтед на  гостување против Вулверхемптон за да си добие 11.000 евра.

И се отвори шанса во 68. минута кога „црвените ѓаволи“ добија пенал…

Но, истиот не успеа да го реализира францускиот репрезентативец Пол Погба. Е, сето тоа значеше огромна лутина кај бербер Фуфо кој успеа да го скрши и телевизорот во обложувалницата каде со пријателите го очекуваше толку посакуваниот погодок на Манчестер јунајтед. Во секој случај, ќе го памети Фуфо пеналот на Погба…

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата