Гром удрил во приватниот авион на „Сакраменто кингс“

6.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Гром удрил во приватниот авион на „Сакраменто кингс“

Приватниот авион на „Сакраменто Кингс“ кој летал од Индија за Англија го удрил гром при слетувањето на аеродромот во Лондон, пренесува ЕСПН.

Во авионот биле Владе Дивац, Пеџа Стојаковиќ и останати членови од управата на кошаркарскиот клуб, како и претставници на медиумите.

За среќа, никој не е повреден, а авионот слетал без проблеми.

Во авионот не биле членовите на стручниот штаб како и кошаркарите, меѓу кои српските играчи Игор Кокошков, Богдан Богдановиќ и Немања Бјелица, кои патувале со авионот на раперот Дрејк.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата