Помпео: Борбата против корупцијата е клучна за НАТО и ЕУ, поголема одговорност за сите кои ја злоупотребиле јавната доверба (ВИДЕО)

4.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Помпео: Борбата против корупцијата е клучна за НАТО и ЕУ, поголема одговорност за сите кои ја злоупотребиле јавната доверба (ВИДЕО)

Соединетите американски држави остануваат стратешки партнери на Македонија и целиот Балкан. Ова го потврди со својата посета државниот секретар Мајк Помпео.

Клучната порака што ја испрати од Охрид до македонскиот државен врв во Охрид беше да расчисти со корупцијата.

Ги поздравуваме чекорите што ги презема  владата во борба против против корупцијата и охрабруваме да има поголема одговорност за сите кои ја злоупотребиле јавната доверба. Борбата против корупцијата е клучна за вашето членство во ЕУ и НАТО, и уште поважно тоа е вистинската работа што треба да ја направите за демократијата и за вашиот народ – порача американскиот државен секретар, Мајк Помпео.

Кога е корупција во прашање предупреди да се внимава на инвестициите кои доаѓаат од Кина. Помпео очекува од Македонија и да се вклучи во борбата против дезинформациите и лажните вести.

Силна демократија значи да одговори на грижите на јавноста и да преземе уште мерки да се одбрани од злонамерни влијанија. Срцата и умовите на граѓаните на Северна Македонија треба да ја водат државата напред, а не руските ботови и тролови на социјалните медиуми. Би сакал да ве предупредам и за ризиците од инвестициите на Кина во полето на чувствителните технологии и нивната тешка стратегија на подмитување при обезбедувањето на зделките во инфраструктурата. Сакаме Северна Македонија да успее, а не да се бори со корупција или со долгови – предупреди Помпео.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата