Четворица полициски службеници во Париз убиени од колега кој неодамна го прифатил исламот

3.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Четворица полициски службеници во Париз убиени од колега кој неодамна го прифатил исламот

Административен работник во полициска станица во Париз, кој со нож уби четворица колеги пред да биде застрелан од полицијата, неодамна го прифатил исламот како своја вероисповед, објави телевизјата БФМ.

„Напаѓачот на возраст од 45-години убил тројца полицајци и вработена во администрацијата, по што бил застрелан од полицаец“, соопшти парискиот обвинител.

Тој додаде дека домот на напаѓачот бил претресен и дека анти-терористички обвинители ја проценуваат ситуацијата, пренесе „Ројтерс“.

Обвинителот не кажа кој би бил можниот мотив на напаѓачот.

Напаѓачот бил вработен во полициската администрација, а нападот се случил по расправија во двор на полициска станица, изјавија полициски извори за француските медиуми.

Извори од француската полиција соопштија дека напаѓачот изгубил контрола и почнал со нож да ги боде полицајците кои се наоѓале околу него.

„Еден од колегите го уби лицето одговорно за нападот“, изјави за БФМ шефот на локалната полиција, Лоик Травер.

Нападот се случил во полициска станица во близина на катедралата Нотр Дам, а местото на настанот го посетија и претседателот Емануел Макрон и премиерот Едуард Филип.

Метро станицата во близина на нападнатата полициска станица е затворена од безбедносни причини, а областа е оградена со полициски ленти.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата