Промена на власта е реалност во Македонија Зоран Заев не ги исполни очекувањата на граѓаните, е ставот на албанските интелектуалци во државата. Тие велат дека премиерот ја губи довербата кај албанскиот блок, од каде имаше голема поддршка на последните парламентарни избори. Поранешниот пратеник на ДПА, Беким Ќоку, вели дека иако ветувањата биле големи, ништо во Македонија не се променило, дури состојбата е и полоша ако се погледне иселувањето на граѓаните.
Во Македонија се претендираше дека господинот Заев ќе направи начелно промени во сите сфери. Тој ги смени само фигурите, односно неколку луѓе, но системот на луѓето, односно на владеењето, ништо нема променето. Во иста насока сме и со недовербата во системот на правдата, односно како што го гледате рекетирањето што се случува. Дури и полошо е кога го гледаме овој егзодус, односно бегањето на луѓето од Македонија во времето на Зоран Заев, изјави Ќоку.
Дека треба да има промена на власта, согласен е и градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, тој вели дека кога и да се одржат следните парламентарни избори во Македонија, треба да се очекуваат промени.
Моментално состојбата гледате каква е, нема никакво подобрување, меѓутоа се надеваме дека на следните избори, кога и да се одржат тие, дали во април, мај, јуни или октомври најдоцна и кај нас најверојатно ќе бидат предвремени избори, дефинитивно се очекуваат промени, изјави Таравари.
Најголем доказ дека власта не се грижи за граѓаните е тоа што не презема речиси никакви мерки за справување со загадениот воздух. Ова според Аријант Џафери кажува доволно за тоа какви луѓе ја водат државава.
Јас често пати сум го кажал тоа, дека за радикални промени треба радикални мерки. За такви мерки треба да имате храбри лидери политичари, кои треба да преземат некои од мерките кои нема да бидат популистички и нема да им донесат гласови, изјави еко ативистот Џафери.
Заеднички став на албанските интелектуалци е дека прво ќе се промени власта во Косово, на изборите кои се одржуваат во октомври, а потоа истото ќе се случи и во Македонија.
Иницијативата „Don’t you 20%“ организира конференција на тема „Албанската пролет започнува од Косово“.
Конференцијата ќе се одржи денес со почеток во 15:00 часот во Буши ресорт во Скопје.Панелисти на оваа конференција ќе бидат истражувачот за политичката филозофија Елвис Хоџа, поранешниот пратеник Беким Ќоку, универзитетскиот професор Халил Снопче како и водачот на НВО „Еко Герила“, Аријанит Џафери.
Покрај панелистите, поканети се и бројни гости и интелектуалци кои ќе бидат вклучени во дебатата со своите прашања и ставови. Секој заинтересиран може да биде дел од дебатата. Ова исто така ќе биде добра можност студентите да ги искажат своите ставови за актуелната состојба или нивната визија за напредок на нацијата. „Темите на дискусија ќе бидат околу тоа што повеќето Албанци сакаат суштински економски, социјални и политички промени, но кога желбата е пасивна, таа се претвора повеќе во посакување за самата да се реализира. Пожелниот начин на пристапот кон промените како проекција кај силите на универзумот останува желба потисната во самата себе.
Албанците се наоѓаат пред можноста да го ослободат внатрешниот трансформирачки потенцијал на оваа желба “- велат тие од иницијативата “Don’t you 20%”.