Трудните лесно да се породат, а оние што немаат деца, да добијат: УТРЕ Е ГОЛЕМ ПРАЗНИК

20.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трудните лесно да се породат, а оние што немаат деца, да добијат: УТРЕ Е ГОЛЕМ ПРАЗНИК

Рождество на Пресвета Богородица (познат и како Мала Богородица) е еден од најголемите празници на православната црква.

Народот верува дека Пресвета Богородица е заштитничка на мајките воопшто и на леунките посебно, поради што жените што раѓаат ја повикуваат да им помогне полесно да се породат. Исто така, се верува дека таа им помага и на жените што немаат деца. Затоа ваквите жени оделе во црквите посветени на Богородица и се молеле пред нејзините икони.

Култот на Пресвета Богородица има значајно место кај македонскиот народ. Многу цркви што го носат нејзиното име се изградени по соништа, а има и голем број преданија за чудотворни икони со ликот на мајката божја.

Се верува дека ако е ведро на тој ден, сонцето ќе ни се смее во текот на есента, но и во текот на зимата.

Жените на овој ден не би требало да ја чистат куќата, да перат и да вршат слични работи.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата