ОСТАВКА, ОСТАВКА - извикуваат земјоделците кон министерот, блокади на патот кај Росоман (ВИДЕО)

19.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ОСТАВКА, ОСТАВКА - извикуваат земјоделците кон министерот, блокади на патот кај Росоман (ВИДЕО)

Земјоделците побараа оставка од министерот за земјоделство Трајан Димовски. Тие денеска го блокираа патот кај Росоман, а таму се затекна и министерот кој беше пречекан од разочараните земјоделци кои не пропуштија прилика да побараат оставка од него.

Каква беше атмосферата погледнете на видеата:

 

-Со министерот имавме средба во Кавадарци, тој нас ни вети дека најкратко за три дена ќе имаме состанок, но тоа не го вети, нашиот градоначалник исто така ни вети дека ќе има совет во општина Кавадарци и нашата голгота да ја решиме еднаш за секогаш и тоа не го издржаа. Ние бараме загарантирана цена на грозјето и еднаш за секогаш да се реши истата, како што има утврдена цена за тутунарите, млекарите така нека има и за лозарите и овоштарите. Ние испаѓаме отпишани од државата, со оваа голгота за цена од 9 денари за килограм е бркање од сопствената држава, велат разочараните лозари.

Тие додаваат дека акцизата која им ја наметнала оваа влада мора да се укине, а кога ќе се влезе во ЕУ акцизата наместо 30 денари нека биде и 60 денари, но тогаш килограм грозје нема да биде 9 денари.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата