Анѓушев, Царовска и Адеми сообираа швајцарски искуства за дуалното образование

19.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Анѓушев, Царовска и Адеми сообираа швајцарски искуства за дуалното образование

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска и министерот за образование и наука Арбр Адеми, во дводневна работна посета на Берн, учат за швајцарските искуства за стручно образование и обука.

За таа цел, денеска, на вториот ден од посетата, министрите остварија посета на Универзитетот за применети науки и средба со менаџментот на уличиштето за обука и тренинг за потребите на индустрија лоцирани во Берн.

Како што информираат од владината прес-служба, работната посета на Швајцарија владнината делегација ја заокружила со средба со Мартина Хирајама, Државен секретар за образование, истражување и иновации.

На средбата се разговарало за придобивките од оваа посета и можностите за понатамошна соработка во насока на поддршка за имплементација на дуалното образование во образовниот систем на наштата земја.

„Владата на спроведува реформи во сите сфери вклучително и во унапредување на образовниот процес. Тоа е наша обврска, не само за исполнување на критериумите во ЕУ и НАТО, туку и должност кон нашите граѓани за подобар живот на сите. Модел на дуално образование, кој во моментот се спроведува како пилот проект, тежнееме да го имплементираме во стручното средно образование“, потенцирал вицепремиерот.

Министерот за образование и наука, Адеми, нагласил дека образованието е клучна алка во развојот на секоја личност.

„Целта ни е да направиме квалитетно образование почнувајќи од основното па до високото образование. Образовниот процес особено во средното образование мора да претпри измени, пред се со зголемување на практичната работа за време на школувањето“, рекол министерот.

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, на средбата зборувала за целта што повеќе деца да се вклучат во предучилишно образование.

“Токму со реформата работиме на намалување на детската сиромаштијата и со детскиот и образовниот додаток им овозможуваме на децата да имаат еднаков старт во животот. Нашата цел е што повеќе деца да се вклучат во предучилишно образование, затоа што раниот детски развој е основата за понатамошниот образовен процес”, нагласила Царовска.

Државниот секретар за образование и иновации на Швајцарија, Мартина Хирајама, ја нагласила волјата на швајцарската влада за поддршка на реформите кои се спроведуваат во нашата земја.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата