Пандов: На братсково стебло фали само кучето на Фатиме!

18.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пандов: На братсково стебло фали само кучето на Фатиме!

На таблава фали уште Фатиме кучето што не си го вработила во СЈО. Него повторно ќе прашам, кога ние Македонските граѓани ќе имаме можност да видиме на што и за што овие потрошија 15.000.000 евра наши, народни пари? Мене многу ме интересира, а претпоставувам и вас колку овие братучедки и братучеди, синови и ќерки, сопруги и мажи, Боки Бургија, земале плата?- напиша на својот Фејсбук, Александар Пандов.

Понатаму во неговиот статус тој пишува:
Да му ја покажеме на Прибе ,,систематизацијава” и да го прашаме човекот што мисли за предлогот на Заев ,,братсково стебло” топтан да го префлиме во обвинителството на Рускоска?
Ако за ова се молчи и толерира, тогаш ние и не заслужуваме ништо подобро. Очекувам во овој случај да биде постапено онака како се постапува во развиените западноевропски земји, а тоа е да одговараат и да бидат санкционирани обвинителките, судиите и директорите, а не нивните деца и внуци!
#НемаПравдаНемаМир- напиша Пандов.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата