Димитров ги откри плановите на власта: ПО ОКТОМВРИ, ДА ПОМИНЕ ЗА ДАТУМОВ, ЌЕ СЕ СПРАВИМЕ СО... (ВИДЕО)

18.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Димитров ги откри плановите на власта: ПО ОКТОМВРИ, ДА ПОМИНЕ ЗА ДАТУМОВ, ЌЕ СЕ СПРАВИМЕ СО... (ВИДЕО)

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во вечерашниот дуел со министерот за надворешни работи Никола Димитров, во однос на „Рекет", го праша министерот како се чувствува на владина седница кога седи со луѓе кои се минимум политички имплицирани во тој случај или кога има за премиер човек кој е во комуникација со адвокатката на Катица Јанева.

Дури и на ова ниво да остане Рекет, и да не се оди нагоре, ќе има некаква судска разврска и јавноста ќе биде сведок, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

- Таков низок напад, зборувате за мене...сега јас ви кажувам- ниеден амбасадор не ми зборувал за Рекет, се бранеше министерот Никола Димитров.

Николоски: Јас ви кажувам обратно..

Димитров: И ви кажувам последната средба со односниот амбасадор е кон средината на октомври минатата година.

Николоски: Јас не знам за кој амбасадор зборувате вие

Димитров: Е па знаете очигледно

Николоски: Не знам, јас зборувам за оваа 2019 година

Димитров: Обидот со лаги да ме испрљате, или да ме пикате во Рекет..е безобразен

Николоски: Апсолутно не се лаги..

Димитров: Јас милиметар немам ништо со таа приказна.

Николоски: Гледам дека инсистирате на тоа, ги пишавте на статус на ФБ

Димитров: Важна работа ми е тоа

Николоски: Очигледно ви е важна

Димитров: Затоа што планината наша која доаѓа после датумов за кој толку се бориме, е токму да се справиме со оваа грозна спрега на подземјето, па измешано, ...лаги...тоа што излезе преку бомбите ние уште сериозно го немаме чепнато и ќе го чепнеме...Ништо не видовме за бомбите, треба одговорност да има... се закани Димитров на вечерашната анализа на 24 вести.

Видеото е на 41.20

 

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата