Браќата Картер во војна, Арон се заканува, а Ник бара забрана на пристап

18.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Браќата Картер во војна, Арон се заканува, а Ник бара забрана на пристап

Поранешниот член на популарната музичка група „Бекстрит бојс“ Ник Картер за британски „Мирор“ изјавил дека добил смртни закани од неговиот помлад брат Арон.

Ник побарал судска забрана за Арон, кој не смее да му се приближи на помалку од 100 метри, ниту на пејачот ниту на неговото семејство во семејната куќа во Лас Вегас.

„По долго размислување, јас и мојата сестра побаравме судска забрана за Арон. Тој не смее да ни се доближи на помалку од 100 метри“, изјавил Ник.

Ник објаснил дека бил загрижен од однесувањето на Арон, кое на моменти станало вознемирувачко, особено кога ги добил смртните закани.

„Немавме избор. Мораме да се заштитиме себе си и моето семејство“, објаснил Ник, кој се надева дека неговиот брат Арон ќе побара стручна помош.

„Го сакам мојот брат и искрено се надевам дека ќе ја најде помошта која му е потребна, пред да си наштети на себеси или на некој друг“, изјавил Ник.

Арон пак вели дека немал намера да нашети на никого, особено не на своето семејство.

„Шокиран сум од обвинувањата против мене. Јас не сакам да му наштетам на никого, особено не на моето семејство. Не можам да дозволам никој да ја преземе контролата врз мојот живот“, напишал Арон на социјалните мрежи.

Тој нагласил дека повеќе не сака да има никаква врска со неговиот брат и дека ќе се грижи само за себе.

„Ник, држи се подалеку од мене. Ќе си го вратам животот во нормала“, изјавил Арон.

Тој се прослави со преработка на хитот на „Бич бојс“ – „Surfin’ USA“, и колку повеќе станувал популарен, толку повеќе се борел со зависноста од дрога и алкохол. Неодамна призна дека боледува од четири психички болести. Поранешната тинејџерска ѕвезда во американската телевизиска емисија The Doctors призна дека боледува од шизофренија, акутна анксиозност, манична депресија и биполарно нарушување.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата