Таксист од Кавадарци нападнал негов колега од Неготино. Неготинецот се здобил со повреди. Оваа информација за МИА ја потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

-На  улица „Мaршал Тито“ во Неготино утрово бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад од страна на 53- годишник од Кавадарци. Тој управувал кавадаречко такси возило и нападнал 60-годишен таксист од Неготино, при што, му нанел телесни повреди и веднаш се упатил во непознат правец, соопшти Додевски.
Се трага по таксистот напаѓач. 

0

Најчитани вести