По инцидентот со севернокорејските риболовци, ФСБ уапсил 160 лица

18.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
По инцидентот со севернокорејските риболовци, ФСБ уапсил 160 лица

Руските граничари уапсиле повеќе од 160 државјани на Северна Кореја во Јапонското Море поради рибокрадство, откако претходно во инцидент беа нападнати и повредени четири руски граничари, од кои еден бил ранет со огнено оружје, пренесува „Спутник“ цитирајќи го рускиот Истражен комитет.

„По координираните акции на крајбрежната стража, авијацијата и специјалните сили, граничарите запленија две шкуне, 11 моторни чамци, а уапсени се 161 државјани на Северна Кореја. Меѓу странците има повредених, на кои им е укажана неопходната помош,“ соопшти прес-центарот на ФСБ.

Руските граничари им ја одзеле забранетата опрема за риболов на уапсените лица, а против нив е покрената кривична постапка поради напад на службени лица.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата