Помор на риби околу езерото Коронија во Грција

18.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Помор на риби околу езерото Коронија во Грција

Илјадници слатководни риби, претежно крап, умреа околу езерото Коронија, каде што нивото на водата драстично се спушти на само 60 до 80 сантиметри.

„Од 2,80 до 3,00 метри, колку што беше длабоко езерото пред пет-шест години, сега достигна неколку сантиметри заради сушата и недостаток на одржување на инфраструктурата за водоснабдување во Коронеја“, рече за АНА претседателката на Организацијата за управување со Коронија, Волви и Халкидики, Димитра Бомбори.

Се вративме во тешко време кога значителното намалување на водата во комбинација со високите температури резултираше со голема смртност на рибите, објасни Бомбори.

Техничката работа направена во 2012 година помогна да се врати поврзаноста на езерото со потоците што го обновија езерото, а популацијата на риби значително се зголеми, па забележани се осум до девет видови риби, истакна таа.

Бомбори изјави дека надоместувањето на водостојот на езерото во голема мера зависи од хидролошките услови и работите за одржување што не се извршени, бидејќи не е назначен ниту еден управител да ги побара потребните средства.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата