Албанските деца учат дека Косово е Србија (Видео)

18.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Албанските деца учат дека Косово е Србија (Видео)

Во албанските учебници по географија за основно училиште на Косово, Република Косово е претставена како дел од државата Србија, пренесува „Спутник“ цитирајќи ја телевизијата „Клан Косова“.

Оваа грешка предизвика вистинска бура во Косово, а поединци отидоа дотаму што заклуќчиле дека на овој начин е доведен во прашање и суверенитетот на државата Косово.

Како што пишуваат албанските медиуми, ова е своевиден скандал, а со оглед на тоа дека ова не се единствените грешки во учебниците од овој вид, некои наставници се обратиле до Министерството за образование.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата