Со „мерцедес“ влетал во „Трамп плаза“ и седнал на софата

18.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Со „мерцедес“ влетал во „Трамп плаза“ и седнал на софата

Црн „мерцедес бенз“ влетал во лобито на „Трамп плаза“ во њујоршкото предградие Њу Рошел, при што полесно се повредени двајца минувачи и возачот, пренесува „Њујорк тајмс“.

Американскиот претседател Доналд Трамп и неговото семејство немаат стан во овој луксузен 40-катен станбен објект, но тој е во нивна сопственост.

Локалната мрежа Еј-би-си пренесува дека возачот по влетувањето излегол од својот „мерцедес“ и сенал на софата во главниот хол. Според полицијата, упадот бил несреќен случај во кој нема ништо сомнително.

Застапникот за имотот на Трамп не бил достапен за коментар,но во електронска порака до Еј-би-си ѝ се заблагодарил на полицијата за брзата реакција.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата