Ураган Умберто се засили и прејде во трета категорија, па се очекува да ја задржи јачината и во следните неколку дена, соопшто американскиот Национален центар за урагани, пренесува „Ројтерс“.

Умберто е лоциран на околу 655 км западно и југозападно од острвите Бермуди, а ветровите дуваат со брзина од 185 км/час. Се очекува ураганот да стигне до Бермудите вечерва или утре рано.

Тропската буда Имелда, пак, им се заканува на југоисточните делови на американската сојузна држава Тексас, како и на југозападна Луизијана во следните неколку дена. Се очекуваат обилни врнежи и поплави, но надлежните метеоролози во Хјустон наведуваат дека тоа се добри вести по сушното лето.

извор: Makfax

2

Најчитани вести