ВМРО-ДПМНЕ ги открива партиските вработувања и непотизмот на обвинителите во СЈО

18.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ВМРО-ДПМНЕ ги открива партиските вработувања и непотизмот на обвинителите во СЈО

Во текот на вчерашниот ден Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата поднесе Предлог одлука за основање на Анкетна комисија за утврдување на прекршување на законите и злоупотреби во работењето во СЈО, а врз основа на веќе потврдените одлуки на Собранието и Советот на јавни обвинители, дека Катица Јанева својата работа ја обавувала незаконито, нестручно и несовесно. Покрај огромните финансиски средства кои си ги делеле вработените во СЈО помеѓу себе како додатоци, дневници, награди, за нас фрапантни се податоците кои дури сега излегуваат во јавноста, а се поврзани со личните и партиски непотизам на СДСМ внатре во СЈО, соопшти Лилјана Затуроска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Според неа една од главните причини за формирањето на оваа анкетна комисија се партиските вработувања и непотизмот кои што беа голема дамка на СЈО од неговото основање па се до денес.

-СЈО била институција во која можело да се вработите по три основи: ако сте роднина или близок на некој од обвинителите, ако сте роднина на функционер на СДСМ или добиете партиска препорака или ако сте дете на судија или обвинител кој треба да добие награда за послушност кон СДСМ и СЈО, потенцираше Затуроска.

-Комисијата треба да ја утврди законитоста на постапките при вработување во самото обвинителство, утврдувањето на видливи конфликт на интереси или непотизам при вработување како и трошењето на средствата по однос на сомнителни хонорари, дневници, додатоци и награди. Имено, во изминатите години СЈО вршеше класично партизирање на своите редови со вработувања на членови на СДСМ како и внуци, братучеди и други блиски и далечни роднини на самите обвинители кои беа дел од тимот на Катица Јанева, смета пратеничката.

Таа како класични примери за партизација и непотизам во редовите на СЈО ги истакна:

  • Ефтимија и Љупчо Чучурски, први братучеди на обвинителот Гаврил Бубевски.
  • Андријана Ристоска, прва братучетка на обвинителката Ленче Ристоска.
  • Обвинителката од СЈО Лиле Стефанова си го вработила своето кумашинче, кое случајно е и син на Игор Милев, блзиок соработник на Зоран Заев и член на ДИК по предлог од СДСМ од Радовиш.
  • Елена Јосифовска, чија мајка Елизабета Јосифовска беше обвинител во СЈО.
  • Владимир Миладиновски, внук на истата обвинителката Елизабета Јосифовска.
  • Петре Бошков вработен во СЈО како зет за прва братучетка на министерката Рената Десковска.
  • Ѓорге Делиџаков од Гевгелија, внук од сестра на Катица Јанева, вработен како економски приправник.
  • Вработена во СЈО е и девојката на Лазар Јанев, син на Катица Јанева.
  • Вработен беше и синот на врховната судијка Лидија Неделкова, Давид Неделков.
  • Берниса Рахиќ, ќерка на директорот на затворот „Шутка“ Есад Рахиќ.
  • Ќерката на поранешниот директор на МЕПСО Сашо Василевски, Марија Василевска.
  • Синот на обвинителката Мира Ангелеска од Кичево, Стојан Ангелески.
  • Ќерката на членот на Советот на јавни обвинители Коле Штериов, Теа Штериова.
  • Близок роднина на Ахмед Рушити, судија во Апелација од Гостивар, Вулнет Рушити.
  • На платниот список на СЈО е и Катерина Рамбабова, ќерка на кандидат за пратеник на СДСМ и ќерка на поранешен претседател на судот во Штип, Миланчо Рамбабов.
  • Синот на судијата Лазар Ризов од Неготино.
  • Во низата семејни вработувања е ќерката на Борис Тунџев директор на Катастар, Катерина Тунџева.
  • Миле Трајковски, советник од редовите на СДСМ во Советот на Општина Крива Паланка.
  • Катица Јанева призна исто така дека го вработила членот на СДСМ Борче Боки Трајковски, лице осудено за измама кое издржало една година затвор.
  • Ѓорѓи Камчев, кој активно учествувал во протестите во организација на Шарената револуција.
  • Пане Нацев од Неготино кој учествуваше во насилното демолирање и нагрдување на државни и културни објекти е дел од вработениите во СЈО.
  • Ангажманот на Мирослав Грчев кој од СЈО е ангажиран да изготви вештачење за случајот Космос.
  • Катица Јанева во СЈО си го вработила и шоферот од Основниот cyд во Гевгелија како личен шофер, а неговото име е Вили Јанев, случајно или не.
  • Душко Димитреиески како возач во СЈО, сопруг на обвинителката Душица Димитриевска од ОЈО Гостивар чии зет за ќерка е Трајче Нешкоски, поранешен генерален секретар на СДММ.

-Ова замислете се само дел од партиските вработувања и од непотизмот на обвинителите во СЈО. Тому затоа Собранието на Република Македонија е должно на македонската јавност да го обелодени досегашното функционирање на СЈО кое што требаше да биде пример за институција која ќе биде имуна на партизација, непотизам и безаконие. Уште еднаш апелираме до пратеничките групи во Собранието да го поддржат предлогот за основање на Анкетна комисија и заедно да помогнеме јавноста да има увид во досегашното работење на Специјалното јавно обвинителство и на Катица Јанева како шеф на оваа институција, потенцираше Затуроска.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата