Малечок Украинец од Харков имал повеќе среќа од памет, а постои и снимка која го докажува тоа.

На снимката се гледа едно дете со училишна торба на грбот кој одејќи по улица одлучил да ја премине на место каде нема пешачки премин.

Детето пропуштило неколку возила и потрчало на другата страна од улицата кгоа од десна страна му влетал автомобил. Возилото го покосило детето и го отфрлило неколку метри.

Возачот веднаш закочил, а тогаш се случило чудо. Детето со молскавична брзина станало од коловозот, како ништо да не се случило и отрчало на тротоарот да ја облече патиката која му паднала кога го удрил автомобилот. Дури тогаш, очигледно шокиран од виденото, од автомобилот излегол возачот и му пришол на детето.

Набрзо дошле и други минувачки кои виделе се.

Неверојатно во сето тоа е што детето очигледно поминало без никакви повреди, иако одпрва изгледа како да му е раката скршена на неколку места.

17

Најчитани вести