Српскиот министер за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ денеска демантираше дека фирмата ГИМ, која се занимава со извоз на оружје, е во сопственост на неговиот татко Бранко Стефановиќ и дека е нејзин преставник.

Стефановиќ, говорејќи за документите објавени на меѓународниот портал „Arms watch“ со кои се поврзува фирмата ГИМ и извозот на оружје во Саудиска Арабија што подоцна завршува во Јемен, рече дека тоа е „само парче хартија што не значи ништо“.

Во врска со самиот портал, тој рече дека нема да го нарече меѓународен портал, туку портал „кој го следат сто луѓе“.

Според Стефановиќ, Србија извезува оружје само во земји со проверен статус и Србија не извезува оружје во Јемен.

Порталот „Arms watch“ наведувајќи документи објави претходно дека муницијата за минофрлачите од фирмата „Крушик“ во Ваљево, преку ГИМ и американска компанија е продавана на Саудиска Арабија, откаде го наоѓа патот до терористите во Јемен.

Порталот тврди дека во продажбата бил вклучен и Бранко Стефановиќ, татко на министерот Небојша Стефановиќ.

По објавувањето на документите со овие тврдења, сајтот на Твитер профилот објави дека нивниот портал е под постојани хакерски напади кои доаѓаат од Србија, поради што, нивните содржини се недостапни.

Како што јави дописникот на МИА од Белград и покрај недостапноста на порталот, вчера и Министерсвото за одбрана и Министерството за трговија остро демантираа дека Србија извезува оружје во Јемен, што на порталот „Arms watch“ и не беше предмет на тврдење.

Но затоа повеќе опзициски партии, во прв план ја ставија законитоста и вмешаноста на такото на министерот за внатрешни работи во трговијата со оружје.

-Зошто Бранко Стефановиќ купува стоки трипати пониски цени од другите клиенти и дали е нормално некој што е во блиско сродство да работи таква работа, дури и ако тоа го правел според законот, праша поранешниот премиер и лидер на Нова партија, Зоран Живковиќ.

Поранешниот началник на Генералштабот на српските вооружени сили (ВС) и потпретседател на Народната партија (НС) Здравко Понош, пак, тврди дека зад извозот на оружје, кој завршува преку посредник во Јемен, покрај Бранко Стефановиќ, стои и претседателот Александар Вучиќ, кој ги негираше овие обвинувања велејќи дека „не познава ниту еден трговец со оружје.“

27

Најчитани вести