Рекордно производство на гас во Русија

18.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Рекордно производство на гас во Русија

Производството на гас во Руската Федерација во 2018 година е зголемено за околу пет проценти во однос на претходната година, на 725 милијарди кубни метри, што е рекордно производство во последните 18 години, покажуваат податоците на руското Министерство за природа.

„Што се однесува до производството, првото место го делиме со САД“ рекол министерот за природа Дмитриј Кобилкин.

Резервите на гас од сите категории во Руската Федерација, се проценуваат на 73 илјади милијарди кубни метри.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата