Воз прегази маж кај надвозникот на булевар Србија

18.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Воз прегази маж кај надвозникот на булевар Србија

Триесетиедногодишен скопјанец загина откако во него удри воз на железничката пруга, пред надвозникот на бул.„Србија“. Според информациите, возот сообраќал на релација Битола – Скопје при што удрил во пешакот Н.М., кој починал на местото.

Лекар констатирал смрт, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата