Командант Малишева: Оваа држава конечно треба да се подели, да работиме за Илирида да се обедини со Албанија

18.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Командант Малишева: Оваа држава конечно треба да се подели, да работиме за Илирида да се обедини со Албанија

Командант Малишева од „Кумановската група“ реагираше преку Фејсбук откако Апелациониот суд вчера ги потврди првостепените затворски казни за настаните во Диво Насеље, од кои некои беа осудени на доживотен затвор, а други на високи зтворски казни.

Неговиот целосен фејсбук статус ви го пренесуваме во продолжение: 

„Забелешка :

Денеска Aпелациониот суд уште еднаш ги потврди нашите казни и уште еднаш оваа држава докажа дека нема правда за нас Албанците, ниту кога беше Груевски ниту сега кога е Заев, двајцата се исти.

Почитуван Албански народе,  ние се уште сме сведоци на неправда убивајќи не по втор пат, до ден денес сето тоа било само една политичка игра на лидерите на нашата држава затоа што тие ништо не превзедоа за да воспостават правда!

Оваа држава конечно треба да се подели еднаш засекогаш и ве повикувам сите да работите до поделбата за делот на Илирида и нејзино обединување со Албанија.

Ние за никава цена нема да прифатиме да се префрлиме во Косово поради неправедно осудената казна и да ги оставиме нашите браќа од Илирида сами.

Уште еднаш победија про-руските сили !

Бог да го благослови Албанскиот народ“

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата