Нови информации за притворот на Палевски во Србија

18.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Нови информации за притворот на Палевски во Србија

Генералниот секретар на партијата на Солза Грчева, „Глас за Македонија“, Љупчо Палевски останува во екстрадициски притвор во Србија. Се чека хрватските власти да ја испратат документацијата од предметот до српскиот суд.

Неговиот адвокат Васко Стојков за „360 Степени“ вели дека откако ќе го добие предметот, судот треба да одлучи дали Палевски ќе биде екстрадиран во Хрватска.

Палевски беше приведен на белградскиот аеродром пред да полета за Москва, по меѓународна потерница што по него ја распишала Хрватска.

Како што тврди неговиот адвокат, хрватските власти го бараат Палевски за долг на негова фирма во Хрватска од 2,5 илјади евра.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата