Шинед О’Конор откри дека Принц се обидел да ја претепа додека бил на тешки дроги

18.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Шинед О’Конор откри дека Принц се обидел да ја претепа додека бил на тешки дроги

Ирската поп-пејачка стана позната кон крајот на осумдесеттите години на минатиот век, а најголем успех постигна со песната Nothing Compares 2 U во 1990 година, претходно песна на Принц, која дури во новото руво доби sвезден статус. Но, контроверзната пејачка и Принц не беа во најдобри односи. Во ТВ-шоуто „Добро утро Британија“, Шинед О’Конор (52) се сети на една вознемирувачка сцена.

„Кога бев кај него во Лос Анџелес по успехот на песната, тој сакаше да ме претепа. Тој беше на некои тешки дроги и ме нападна. Сакаше да му бидам штитеничка, да му се потчинам, но јас имам остар јазик и го искористив да му објаснам како вистинска Ирка, што мислам за сето тоа. И тогаш тој пукна“, раскажа Шинед, која, како што тврди, се спасила од избезумениот пејач ѕвонејќи на вратата на соседите.

О’Конор изјави дека по инцидентот, никогаш повторно не се виделе, ниту слушнале, а Принц починал на 21 април 2016 година, на 57-годишна возраст, но причината за смртта е откриена речиси две години по трагичниот настан. За Принц беше фатална смртоносната доза фентанил во крвта, а на сличен начин со лекови се предозира и музичарот Том Пети.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата