Тортевски: РЕКЕТ и Боки 13 е проблем за паѓање на цела влада (ВИДЕО)

17.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тортевски: РЕКЕТ и Боки 13 е проблем за паѓање на цела влада (ВИДЕО)

СЈО селективно спроведува правда, еве Катица е во притвор. Јас бев советник на СЈО до јули 2017, и ми беа понудени 50.000 евра мито, еве барам да ми го издадат документот дека сум пријавил мито, не можам детали да кажам, тој предмет не се отвори, дали имало индиции најдобро знаеле обвинетите кои ми понудиле мито.

За Боки 13, со блокирани сметки, од власта му дадоа телевизија, па потоа да прави рекет, и не се запрашаа како со блокирана сметка не е сопственик на 1ТВ, а татко наводно му е формален сопственик, а сите се сликаат со него.

Тоа е проблем за паѓање на цела влада, секој што се сликал со него има одговорност, политичка.

Ако земал некое париче, го покажува менталниот склоп на нашите плитичари, дека преку ноќ може да се збогати некој, посочи доскорешниот советник на СЈО Александар Тортевски за 24вести.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата