Антикорупциска бара да се раскине договорот за закуп и за Црвенковски

17.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Антикорупциска бара да се раскине договорот за закуп и за Црвенковски

Барањето за раскинување на договорите за закуп се однесува на двајцата поранешни претседатели, информира Државната комисија за спречување на корупција.

,,Сакаме да ве известиме дека на денешната 22-ра седница на Државната комисија за спречување на корупција беше одлучувано по предмет отворен по сопствена иницијатива во врска со правата и привилегиите кои ги уживаат поранешни претседатели на државата. За потребите на јавноста сакаме да ве информираме и потенцираме дека денешните одлуки во врска со овој предмет се однесуваат на сите поранешни претседатели и барањето за раскинување на договорите за закуп се однесува на двајцата поранешни претседатели”, се вели во соопштението на Антикорупциската комисија.

И поранешниот претседател Ѓорге Иванов и неговиот претходник Бранко Црвенковски користат државни привилегии. Освен за кирија, Иванов и Црвенковски добиваат плати за тројца вработени, службено возило и возач.

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) најави дека ќе побара од Службата за општи и заеднички работи при Владата (СОЗР) да го раскине договорот за закуп на просториите на поранешниот претседател на државата, Ѓорѓе Иванов, кои ги доби по истекот на мандатот.

Иванов тврди дека претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска, манипулира со јавноста бидејќи, како што вели, просторот се изнајмува за 1.950 евра месечно, а не за 4.500 евра.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата