Android 10 беше лансиран на 3. септември, но како по обичај ќе помине некое време пред производителите да извршат апдејт на постоечките модели на телефоните. Надградбата први ќе ја добијат сопствениците на Pixel телефоните, додека за останатите брендови обично се чека неколку месеци, можеби и цела година, а некои модели никогаш нема ни да го добијат. Во продолжението на текстот ви го нудиме roadmap-от, кога кој производител и на кои модели планира ажурирање на Android 10.

GOOGLE PIXEL

Ако сте сопственик на некој Pixel смартфон, апдејтот би требало веќе да биде достапен и тоа за следните модели:

  • Pixel
  • Pixel XL
  • Pixel 2
  • Pixel 2 XL
  • Pixel 3
  • Pixel 3 XL
  • Pixel 3a
  • Pixel 3a XL

ASUS

ROG и ROG 2 моделите на теелфони сигурно нема да добијат апдејт оваа година, а кога и дали ќе биде достапен во 2020. година, се уште не се знае.

HUAWEI

Два модела ќе ја добијат надградбата во текот на ноември оваа година:

  • Huawei P30
  • Huawei P30 Pro

Додека за Android 10 за уште три премиум модели ќе биде достапен во декември:

  • Huawei Mate 20
  • Huawei Honor 20
  • Huawei View 20
Уште три модели ќе добијат Android 10 на почетокот на 2020. година:
  • Huawei P30 Lite
  • Huawei P20 series
  • Huawei Mate 10

За останатите модели се уште не се знае дали ќе имаат апдејт, а ако ги има тоа би можело да се случи дури во вториот квартал на 2020. година.

HTC

До крајот на оваа година, надградбата би требало да ја добијат моделите:

  • U12
  • U12 +
  • U11

LG

Корисниците на LG телефони ажурирањети ќе го добијат во текот на следната година и тоа за следните модели:

  • LG G8 ThinQ
  • LG G7 ThinQ
  • G7 models
  • LG V40
  • LG V50

MOTOROLA

Се очекува дека смартфоните на Motorola ќе го добијат Android 10 кон крајот на оваа или почетокот на следната година:

  • Moto Z4
  • Moto Z3
  • Z3 Play
  • Moto G7
  • G7 Power
  • G7 Play
  • G7 Plus
  • Moto E6
  • Motorola One
  • One Power
  • One Action
  • Moto X4 Android One

NOKIA

Три Nokia телефони ќе добијат апдејт до крајот на 2019 и тоа на моделите:

  • Nokia 9 PureView
  • Nokia 8.1
  • Nokia 7.1

За големиот број други модели, Android 10 пристигнува во птвиот квартал на идната година:

  • Nokia 8 Sirocco
  • Nokia 7 Plus
  • Nokia 6.1 Plus
  • Nokia 6
  • Nokia 5.1 Plus
  • Nokia 4.2
  • Nokia 3.2
  • Nokia 3.1 Plus
  • Nokia 2.2
  • Nokia 1 Plus
А неколку модела ќе добијат апдејт во вториот квартал на 2020. година:
  • Nokia 5.1
  • Nokia 3.1
  • Nokia 2.1
  • Nokia 1

ONEPLUS

Овие смартфони ќе ја добијат надградбата до крајот на септември 2019. година:

  • OnePlus 7 Pro
  • OnePlus 6
  • OnePlus 6T
  • Verovatno OnePlus 5 i OnePlus 5T

OPPO

Не се знае точниот датум, но сигурно ниту еден модел нема да добие апдејт пред 2020. година.

SAMSUNG

Моделите на Samsung најверојатно ќе го добијат Android 10 на почетокот на идната година:

  • Galaxy S10
  • Galaxy S10+
  • Galaxy S10e
  • Galaxy Note 10
  • Galaxy Note 10+
  • Galaxy Note 9
  • Galaxy S9
  • Galaxy S9+

SONY

Два модела ќе го добијат апдејтот до крајот на оваа година:

  • Xperia XZ2
  • Xperia XZ3

А се очекува и дека ќе биде достапен и на флегшип и моделите од средната класа во текот на 2020. година:

XIAOMI

Надградбата на телефоните на Xiaomi ќе биде достаона во текот на ноември оваа година:

  • K20 Pro
  • Mi 9
  • Mi 9T

извор: USB.mk

1

Најчитани вести