Татко си ги убил четирите деца и сопругата, телата ги чувал со недели дома и ги фрлил во друга држава

17.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Татко си ги убил четирите деца и сопругата, телата ги чувал со недели дома и ги фрлил во друга држава

Маж во Флорида е осомничен за убиство на сопругата и нивните четири деца, чии тела ги чувал дома со недели, за на крајот да ги фрли во Џорџија.

Налогот за апсење на Мајкл Џонс (38) бил издаден веднаш откако ги пронашле телата, а набргу потоа тој бил лоциран во Џорџија.

Полицијата соопшти дека го испрашала Џонс откако го пронашле телото на неговата сопруга Кеси Џонс (32), а тој потоа ги одвел до местото каде што ги оставил убиените деца.

„Дејли мејл“ пренесува дека Мајкл Џонс, наводно, ги убил сопругата и четирите деца и ги чувал во куќата со недели пред да ги стави во комбе и да се вози до границата со Џорџија.

Засега не е познато како се убиени жртвите.

Исчезнувањето на Кеси и нејзините деца било пријавено од нејзиното семејство, тие признале дека не се слушнале ниту виделе околу шест недели.

Полицијата ги продолжува своите истраги за да покаже како биле убиени мајката и децата.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата