НАЈМНОГУ ЌЕ СТРАДА ВИЛМА ТРАЈКОВСКА: Анкорупционерите бараат да им се скратат привилегиите на поранешните претседатели

17.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
НАЈМНОГУ ЌЕ СТРАДА ВИЛМА ТРАЈКОВСКА: Анкорупционерите бараат да им се скратат привилегиите на поранешните претседатели

Антикорупциската комисија ќе побара од Службата за општи и заеднички работи на Владата да го раскине договорот за закуп на просториите на поранешниот претседател Ѓорѓи Иванов и да му додели канцеларии во државна сопственост. Претседателката на Комисијата Биљана Ивановска на денешната седница на ДКСК рече дека сегашните простории на поранешниот претседател се избрани во една нетранспарентна постапка и се најмени од блиско лице.

Месечно, според Ивановска, за сите трошоци се плаќаат околу 4.500 евра, без платите на вработените.

Ивановска рече дека во мала и сиромашна држава како нашата се трошат многу средства за поранешните претседатели, а нема ниту ограничувања колку години треба да им се покриваат трошоците по завршувањето на нивниот мандат, како што е во најголем број држави во регионот и пошироко. Тие, како што кажа таа, дури не поднесуваат ни извештај какви активности имале или имаат.

Според пресметките на ДКСК, за десет години за трошоците на поранешните претседатели се потрошени нешто повеќе од еден милион евра. Од тие причини ДКСК исто така предлага да се поднесе иницијатива до Уставниот суд за оценка на уставноста за Законот и да се поднесе иницијатива до Собранието за преиспитување на законското решени во смисла на ограничување на времетраењето на привилегиите на поранешните претседатели. ДКСК денеска расправа и за други прашања.

Од каде Антикорупциска се постави за надлежна да решава за прашања кои не се во нејзина надлежност?

Македонија, Словенија, Хрватска имаат доживотни привилегии за поранешните претседатели и нивните семејства. Во Босна, привилегиите се ограничени на времето поминато на функција. Во Србија, 6 месеци по завршување на мандатот добива претседателска плата, а потоа паѓа на 80% од истата, но и привилегиите му трааат коллу што траел претседателскиот мандат. Во Црна Гора, освен привилегиите, екс претседателот може да формира свои Совети, Комисии, како и стални или привремени работни тела.

Ако намерата на Ивановска се преточи во законско решение, најмногу ќе загуби семејството на екс претседателот Борис Трајковски, кое покрај доживотна пензија, канцеларии, со одлука на влада и финансирано од буџетот, доби и огромна куќа на Водно. Екс претседателот Бранко Црвенковски има канцеларија со неколку вработени, возило и обезбедување, како и годишен буџет.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата