Сите фармери кои набавиле пчелни матици, нерези или назимки во приодот од 01 ви јануари до 30- ти септември 2019- та година, од денеска ќе можат да поднесуваат барања за финансиска поддршка по мерка 121 „ Инвестиции за модернизација на земјоделските стопанства“.

Право на користење на средствата по оваа мерка имаат сите земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС) во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно Закон за земјоделство и рурален развој.

„Mаксималната вредност на прифаливите инвестиции по корисник изнесува 600.000 денари, за оние фармери кои набавиле пчелни матици од одобрени одгледувалишта на пчелни матици согласно Законот за сточарство. Поддршка од 6.500.000 денари по корисник ќе можат да добијат сите фармери кои набавиле педигрирани чистокрвни или хибридни свињи, нерези и назимки од увоз или од признати организации“ изјави директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски.

Финансиската поддршка се исплаќа по принцип на ко-финансирање на завршени и исплатени инвестиции од страна на корисникот во висина од 50% од вредноста на одобрените прифатливи трошоци за инвестиции. Ко- финансирањето се зголемува во случаи кога :

-се работи за инвестиции на земјоделско стопанство чиј носител е млад земјоделец до 55%
-за инвестиции во подрачја со ограничени можности на земјоделско производство до 60%
-за инвестиции во подрачја со ограничени можности на земјоделско производство кога носителот на инвестицијата е млад земјоделец 65%
-за инвестиции во недостапни рурални заедници 75%

Барањата се поднесуваат електронски по извршена регистрација на веб страната на АФПЗРР, во делот e-baranje.ipardpa.gov.mk
Барателите на финансиска поддршка потребно е да креираат електронско барање за исплата со бараните податоци и да прикачат задолжителни електронски документи (фактури или сметкопотврда кои ги докажуваат реализираните трошоци, детални испратници за испорачаните матици/добиток, уредно заверени, Решение за запишување на земјоделско стопанство во ЕРЗС при МЗШВ не постаро од еден месеци од денот на објавување на јавниот повик, фискална сметка или налог за плаќање ПП30 со извод за плаќање или налог за плаќање ПП10 со извод за плаќање на име на добавувачот, образец на Договор уредно заверен со потпис и печат.

Еден барател може да поднесе само едно барање за една мерка или најмногу две барања за користење на поддршка по различни мерки, земајќи ги предвид и останатите мерки од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2019 година.

Барателите кои ги исполниле условите за користење на средства се рангираат со бодување утврдено во Правилникот за поблиски критериуми за избор на корисници по мерките за рурален развој.
-Барањата со ист број на бодови ќе се рангираат според датумот и времето на поднесување на електронското барање на e-baranje.ipardpa.gov.mk
-Барањата кои не поднесени електронски на e-baranje.ipardpa.gov.mk нема да се разгледуваат.

Корисниците на средства треба да ги имаат намирено сите финансиски обврски кон Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство како и финансиските обврски кон Јaвното претпријатие за стопанисување со пасишта и воден надоместок кон водостопанските претпријатија.

Барателите кои биле корисници на финансиска поддршка за набавка на трактори преку ИПАРД Програмата и Националните програми за финансиска поддршка на руралниот развој за претходните пет години, не се прифатливи како корисници на оваа мерка.

Електронски пополнетото барање за исплата од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2019 година, уредно заверено со потпис и печат од барателот, заедно со целокупната потребна документација оригинал се доставуваат во затворен плик со назнака на предната страна на пликот во горниот лев агол “НЕ ОТВАРАЈ“ Барање за исплата и Архивски број на Барањето (0619-12125-XXXX/1). Барањето може да се достави по пошта или лично во писарницата на Агенцијата.

извор: Makfax

4

Најчитани вести