КАТИЦА ЌЕ БАРА СЛОБОДА, а ќе гарантира со имот - ЗА 4 ГОДИНИ ДУПЛО СЕ ЗБОГАТИЛА (БЕЗ ЛУИ ВИТОНИ, НАМЕШТАЈ, БУНДИ И КЕШ ОД БОКИ 13)

17.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
КАТИЦА ЌЕ БАРА СЛОБОДА, а ќе гарантира со имот - ЗА 4 ГОДИНИ ДУПЛО СЕ ЗБОГАТИЛА (БЕЗ ЛУИ ВИТОНИ, НАМЕШТАЈ, БУНДИ И КЕШ ОД БОКИ 13)

Ирена Фрчкоска, адвокатка на сега разрешената шефица на СЈО најави тужба за разрешувањето и невраќањето на Катица Јанева во гевгелиското обвинителство, но исто така најави дека ќе бара укинување на мерката притвор, а како гаранција ќе биде ставен имотот на Катица Јанева.

Деновиве истекува и 30-дневниот притвор на Јанева. Нејзината адвокатка синоќа најави дека денеска ќе го достават барањето за укинување на мерката притвор со поблага мерка, а како гаранција ќе го понудат нејзиниот имот.

Со колкав имот располага Катица Јанева? И дали целиот имот уредно е пријавен? Или постои имот кој не го пријавила?

Според официјалната состојба пријавена во Антикорупциска комисија, Катица Јанева сега тежи (официјално) 29.305.440 денари = 476.511 евра (без кредити, односно долгови и картички). Тоа е дупло повеќе споредено 2015 година, кога пријавила имот од 250.000 евра во анкетниот лист.

Значи, за 4 години, има дупла заработка без да пријави скапи патувања, Луи Витон, бунди Фенди подарок од Боли, скап намештај и кеш од Боки 13 за себе. Кој знае што се има ставено на име на нејзините родители, сестра, а што добиле нејзините деца, особено синот Лазар Јанев, кој беше шеф на правна и маркетинг служба во 1ТВ и како таков, е потписник на договорите за Рекет.

Во 2015 година, пријавува дека нема недвижности освен плац и нива од сопругот, во 2019 година пријавила дека купила два стана во Скопје и куќа во Гевгелија. И дали е ова се?

Која банка толку се изложила да даде кредити за Катица Јанева да купи станови и куќа? Плус коли?

Плус, ако имотот е под хипотека кај банка, интересно ќе биде да се види дали Судот ќе прифати да биде второстепен доверител и дали овој имот ќе го прифати за гаранција.

Се разбира, не се исклучува можноста и некое трето (заинтересирано) лице да гарантира со сопствениот имот за да ја спаси Катица Јанева. А такви, за жал, има повеќе.

Да посетиме дека јавното обвинителство за организиран криминал за товари Катица Јанева дека за себе и за други обезбедила имотна корист во вредност од над 1.5 милиони евра. Нејзе и го запленија намештајот (што не е пријавен во анкетниот лист).

Не се пријавени ниту скапите бунди Фенди, Луи Витони, ниту намештакот, ниту кешот од Боки 13. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата