Зијадин Села: Во „Рекет„ има бомба и за Бујар Османи

11.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Зијадин Села: Во „Рекет„ има бомба и за Бујар Османи

Претседателот на Алијанса за Албанците вели дека има сознанија дека меѓу прислушуваните материјали од случајот „Рекет„ има бомба и за вицепремиерот Бујар Османи.

Токму затоа и не очекува овој случај да има разрешница. Правен епилог, според него, може да има само доколку се донесе јавен обвинител врз кој не може да се врши притисок или пак, не се смени власта.

Лидерот на Алијансата за Албанците предлага јавен обвинител странец, за никој да не се чувствува заштитен.

Остро реагираше за тоа што на синоќешната средба меѓу Заев и Мицкоски за законот за јавно обвинителство не беа поканети останатите партиски лидери. Долгите разговори беа епилог ги нарече театар за јавност, затоа што е убеден дека, СДСМ, ВМРО ДПМНЕ и ДУИ имаат договор да не се договорат.

Села им порача на партиите дека нема да гласа за закон што ќе го договорат самите, а на премиерот дека нема да ги добие нивните гласови бланко ниту за евентуален план Б, со кој би се обидел да постигне двотретинско мнозинство. Со сличен став е и лидерот на БЕСА.

Вицепремиерот, пак, изјави дека тие не се дел од проблемот со СЈО.

Османи е оптимист дека состаноците помеѓу премиерот и претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе продожат и понатаму и дека не мора стриктно да значи дека рокот за договор е до 15 септември, туку дека треба да се постигне пред октомври.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата