Понеделнички

Zijo, nesrećo, man’ se ćorava posla

11.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Zijo, nesrećo, man’ se ćorava posla

Ja kren’o da pišem o Ziajdu Bećiroviću, bosanskoj bitangi i avlijaneru koji je čujem naš’o novog papka, Zajeva, da mu uvali lažne diplome za pare, a ovaj ga i za savjetniga postavio. To što mu je uvalio, nije novo, takih bašaka ko Zajev Zijo ima na desetine, a Zajev voli hadžijati državnim parama i pamet mu ne smeta pa se ljudi našli. Ali ovo sa savjetnikom za platu me stvarno srozalo i ispovociralo, kontaš to bolan. Kren’o da pišem na njemu razmiljivom jeziku pa batalio, i reko’ da ja pišem kako bi Makedonoci razumjeli, njihova je Zijo muka. I tako, ovo kanim reć iskreno i bez bismileta.

Значи вака. Премиерот на татковината, Зоран Заев, има советник кој се вика Зијад Беќировиќ, претставен како основач на Институт ИФИМЕС од Љубљана кој, според сопственото признание се занимава со геополитики на Блискиот исток и Балканот. Директор е Бахтијар Аљаф, Курд по национланост и новинар. Имаат повеќе деректори што е добро за лепење авторитет пред странките, а Беќировиќ е еден од нив. Тука се и Мунтар Ал Фадал како и Мохамед Суливани, Ирачани.

Зијад е советник на Заев за економски прашња, а која економија практикува и колку е таа леплива и соодветна за разбирањата на Зоран Заев, ќе видиме подоцна. Дополнително, што е моја претпоставка, Заев бил импресиониран освен од делата и од ликот на Зијад Беќировиќ кој неверојатно личи на советникот му Љубе Бошкоски од помлади години, го има истиот туп и преварантски поглед со полуосмех.

Тој институт на Зијад Беќировиќ излегува со “стратегија“ дека Рекет во Македонија и не е рекет, туку шпионски план на Русите како да го наместат Заев и неговата влада, да го симнат од власт и да оневозможат Македонија да влезе во НАТО. Нормално, за Зијад Беќировиќ Мицкоски и опозицијата се луѓето на Путин кои треба да извршат таков преврат, а Заев е добриот Американец кој за малку ќе бил нивна жртва. Оваа стратегија Заев и владата им ја платиле, и сега ја шират како спасоносна мантра. Лечење на тешка болест со баење и магии.

Нема ништо во “стратегијата“ кој го наместил Заев со фамилијата да имаат монопол над промет на марихуана вреден над 100 милиони евра годишно. Кој го наместил во РЕК Битола без тендер преку битолска фирма да додели работа за неговата фамилија вредна 50 милиони евра. Кој го наместил Фондот за иновации да додели 10 милиони евра на неговите луѓе. Кој го наместил со Фондот за здравство да изнесе од Македонија 11 милиони евра од фантомска фирма Диамед за дијализа... Кој го намести...

Да расчистиме. Луѓето на Заев, предводени од Катица Јанева, нејзиниот син, од Боки 13... и пола врв на СДСМ барале пари од бизнисмени за СЈО да не ги гони и продавале лажни проекти за старски домови. Значи барале, и добиле досега познати над 8 милиони евра. Богами, богато ги наместиле.

А, најпосле, ако му сместиле скандал Заев сега тој не би се борел за Катица Јанева да излезе во куќен притвор, нејзиниот син кој е потписник на лажните договори да го нема во истрагата, Боки 13 да молчи а неговите соработници од врвот на партијата што рекетирале заедно со Боки 13 да не смее обвинителството ни да ги гони. Не би се тепал по секоја цена обвинител за Рекет да биде Вилма Рускоска туку, напротив, да биде некој наоштрен вмровец што душа со памук ќе им вади на тие што му сместиле скандал по план на Путин. Но, не. Он се бори за нив, и така се бори за сопствен спас. Тие се од истата Фамилија.

Да се вратиме на советникот, творецот на оваа башчаршиска “стратегија“, Зијо Беќировиќ.

Заев има склоност да се дружи со измамници, пробисвети, криминалци, битанги и општествен олош. Сетете се уште од опозиција за неговите дружби со фалсификаторот на пасоши и документи Захир Бектеши Чауш, дружбата со дилерите од Арачиново и Грчец кои му работат за избори. Од сите бизниси на светов Заев се фати за марихуана, дрога по дефиниција, а планира да работи со Биг Мајк, лик кој е под присмотра во барем десет држави за дилување и перење пари. Советници му станаа Љубе Бошкоски, осуден за земање 100.000 евра од Грци за финансирање политичка кампања. Тука е и советникот Зоран Башановиќ со долго досие, фатен помеѓу останатото како крадел по дуќани во Америка. Година дена муабетеше со лажниот Порошенко со кој планираа давање мито од 100.000 евра за купување признание за МПЦ... Ни овој советник, “стратегот“ Зијад Беќировиќ не е ништо подобар од тоа друштво.

Зијад, по нарачка на Заев, ја прогласи Катица Јанева за најдобар обвинител на Балканот. Претходно, преку Зијад, Заев беше прогласен за најдобар градоначалник на Балканот кој, во еден момент, се воздигна до таму што за себе тврдеше дека ќе биде кандидат на Нобелова награда. Кога ќе споиш два такви лика, чудата се прашање на денот.  

Инаку, Зијад, Зијо Беќировиќ не е Словенец. Тој е Босанец од Брчко. Пријател и соработник на Драган Пајиќ, порнешен градоначалник на Брчко кој, како Заев и Катица, Зијад и него го прогласил за најдобар градоначалник во Босна. Терал бизниси со него од парите на бившата жена, а потоа градоначалникот Пајиќ го апсат за корупција во полициската акција Бинго и заедно со дипломата за најдобар градоначалник на Босна оди во затвор, по што Зијо бега за Словенија, на сигурно. Многу слично со ова денес во Македонија, па оттаму има Зијо што да го советува Заев и каде да најдат сличности.

Зијад контактира со многу луѓе, на сите им ја нуди својата “стратегија“ но, малкумина наседнуваат и плаќаат, како што и пранкетите од Русија се обидуваат на многу места со лажно претставување но, малкумина се навлекуваат. Нашиот премиер Заев е еден од тие, малкумината. Кога Зијад Беќировиќ почнал контакти со Мило Ѓукановиќ и потоа се обидел да му наплати свои “стратегии“ за малку ќе загубел глава. Како одмазда, во 2011 година Зијо и неговиот Институт наоколу тврдеа дека “крвавиот диктатор“ Ѓукановиќ ќе оди во затвор заради шверц со цигари во Италија.

Заев и Зијо Беќировиќ се претставуваат како заштитници на НАТО, ЕУ и САД против проруските слуги на Путин, и се обидуваат тоа да го наплатат: Заев со дипломатско замижување пред диктатура и корупција, а Зијо Беќировиќ во кеш. Како стојат работите навистина.

Зијад Беќировиќ, советникот и “стратегот“ на Заев е прорсуки пропагандист со години, пред да успее да дојде до фондовите на Сорос и кешот од неписмените политичари. Тој е и коментатор на настани за Глас Русије. Во септември 2014 Зијо коментира за Глас Русије појава на Исламски фундаментализам и Русија како брана од опасноста. Гладен за внимание и кеш, игнориран од големите медиуми, Зијад Беќировиќ е постојано присутен на маргинални портали па така за Тачно.нет во декември 2013 ќе го велича Путин кој повторно ја афирмирал Русија откако била понижена под власт на Елцин.

Зијад Беќировиќ е, според сето видено, шарлатан и измамник кој живее од суетата на политичарите и продажба на “студии и стратегии“ по нарачка, како последната за Зоран Заев. Интелектуално и функционално, тој е ниво помеѓу Саше Мактел и Стојанче Ангелов.

Ако некому се малку претходните докази, еве уште еден: Словенечкиот портал Под чрто открива, а Словенците и хрватските медиуми во 2016 година пишуваат, дека Институтот на Зијад Беќировиќ и тој лично продале плагирана, копирана “стратегија“ на словенечката општина Копер за економска соработка со државите од Блискиот исток, и за тоа наплатиле 65.000 евра. Текстот во “стратегијата“ се содржини копирани од Википедија!

Веднаш потоа неколку словенечки професори, као Сандра Башич Хрватин, го напуштаат Институтот на Зијо сметајќи дека ги измамил за да се стекне со пари преку нивниот авторитет. Нешто слично на нашиот Боки13, само што Зијо барем не рекетирал милиони евра со поддршка од власта.

Текстот на „стартегијата“ за одбрана на Заев од скандалот Рекет е веројатно напишан од пропагандистот на Заев, Забрчанец, но со толку малку школо Забрчанец не ни можел подобро.

I na kraju, Zijo nesrećo man’ se tvog ćoravog posla sa mojim Makedoncima kojima kradeš pare a prodaješ zjale. Ova raja ima svoje muke i bez tebe i takih šabana ko ti. Samo jedna stvar je sigurna: Seljaka iz sela uvijek možeš istjerati, ali selo iz seljaka - nikada.

(11.09.2019)

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата