Работодавецот е одговорен за секоја несреќа што ќе се случи на службено патување, заклучил судот во Париз, а тоа се однесува и на срцев удар што ќе се случи за време на попатен сексуален однос во хотелска соба.

Таков е случајот со извесен Ксавиер Х., кој бил вработен во француската компанија ТСО, што се занимава со изградба и одржување на железнички пруги. Судот во Париз пресудил дека неговата смрт е несреќа на работа, а од компанијата се бара да плати обештетување на семејството на починатиот Ксавиер.

Компанијата на судењето аргументирала дека нивниот вработен во хотелската соба во друштво на неименувана гостинка не ја извршувал својата работа, туку имал вонбрачен секс. Овој несреќен настан се случил во централна Франција во 2013 година додека Ксавиер бил на службено патување, пренесе Би-би-си.

По срцевит удар кој го доживеал во хотелска соба, човекот починал, а здравственото осигурување заклучило дека станува збор за несреќа на работно место. Како што објасниле од таму, сексуалната активност е нормален дел од животните активности, исто како туширање или јадење.

извор: Makfax

0

Најчитани вести