Героски: Само Катица може да ја разреши Јанева

11.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Героски: Само Катица може да ја разреши Јанева

Новинарот Бранко Героски го коментира денешниот неуспешен обид, Собранието да одлучува за разрешување на шефицата на СЈО, Катица Јанева.

„Само Катица Јанева од Шутка може да издаде наредба Собранието да ја разреши Катица Јанева“, напиша Героски на Фејсбук.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска предложи на дневен ред на собраниска седница да биде поставено прашањето за разрешување на Јанева, за што Комисијата за избори и именувања достави мислење, но парламентарното мнозинство го отфрли предлогот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата