Дуковски: Само СЈО смее да ги користи незаконски снимените разговори, СЕ ДРУГО Е КРИВИЧНО ДЕЛО

11.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Дуковски: Само СЈО смее да ги користи незаконски снимените разговори, СЕ ДРУГО Е КРИВИЧНО ДЕЛО

Само СЈО има право да ги користи незаконски снимените разговори, сѐ друго е кривично дело, и во моментот кога нема да постои СЈО, ќе се јават многу процесни проблеми, изјави адвокатот Сашо Дуковски во Топ тема на Телма телевизија.

Дуковски потенцира дека наредбата од јавен обвинител или од судија за процесите се издадени кон СЈО и кон никој друг и врз основа на таа наредба е извршен претрес ори кој се најдени предмети кои ќе се користат во постапката, а потврдата ја издадена од СЈО и од никој друг, затоа само СЈО може да ги користи.

Се работи за посебен закон и за посебно јавно обвинителство кое е формирано за да се занимава со одреден број на посебни предмети, односно предметите кои произлегуваат од незаконското прислушкување. Ако ги користите тие предмети и прислушувани разговори, тогаш ќе се доведете до ситуација да вршите кривично дело. Затоа што само СЈО има право да тие неовластено снимени разговори да ги користи, нагласи Дуковски.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата