Прокисна во болницата во Струга, ХОРОР НА ДИЈАЛИЗА, тече вода по собите

11.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Прокисна во болницата во Струга, ХОРОР НА ДИЈАЛИЗА, тече вода по собите

На социјалните медиуми беше објавено видео од Заводот за нефрологија во Струга, каде што се гледа поплавената болница од вчерашното невреме. На видеото дел од пациентите сместени во овој центар се покриваат со најлони за да се заштитат.

Со години наназад немало некоја посериозна инвестиција во инфраструктурни зафати во овој регионален центар, поточно уште од 1985 година од кога е изградена болницата. Од болницата и претходно реагирале дека во моментов користат апарати за хемодијализа, стари десеттина години, и веќе на истите им поминувал рокот на употреба.

Минатата година во јули, при посетата на заменик-министерот за здравство Асим Муса беше најавено дека во следните денови ќе биде распишан тендер за реконструкција на покривот на Заводот за нефрологија во Струга.

Заводот за нефрологија и дијализа Струга е единствена болница од ваков тип во регионов и тука се лекуваат пациенти од цела Македонија. Исто така сеуште редовно доаѓаат и пациенти од Албанија.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата