Илјадници луѓе се собраа денеска на големиот градски плоштад во Барселона, на денот на главниот празник во Каталонија, барајќи независност од Шпанија, само еден ден пред изрекувањето на казната за дванаесетте лидери на сепаратистичкото движење.

Демонстрантите за независност на Каталонија, пристигнаа од сите делови на оваа покраина, а во Барселона се вееја занамиња во знак на поддршка за отцепување од Шпанија.

Денот 11. септември се слави во спомен на освојувањето на Барселона во 1714 година, во шпанската Војна за снаследство. Од 2012 година овој празник се одбележува со масовни демонстрации на приврзаниците за отцепување на покраината.

Дванаесетте лидери на Каталонија, кои во 2017. неуспешно се обидоа да ја одделат Каталонија од Шпанија, чекаат пресуда на Врховниот суд за овој нелегален обид за отцепување.

Во Каталонија на 1. октомври 2017 година се одржа референдум за независност и покрај противењето на централната власт во Мадрид, а потоа на 27. октомври беше прогласена независност, поради што владата на шпанскиот премиер Маријано Рахој ја суспендираше автономијата на овој регион.

 

извор: Makfax

2

Најчитани вести