Утре ќе се знае судбината на предметите на СЈО

11.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Утре ќе се знае судбината на предметите на СЈО

Каква ќе биде судбината на истрагите, предистрагите и предметите на СЈО ќе се знае утре. 

Специјалните обвинители го разгледуваат дописот од првиот јавен обвинител Љубомир Јовески, по кој треба да му ги предадат сите материјали и докази со кои располагаат. Од СЈО  велат дека утре во писмено соопштение ќе излезат со став. Според Јовески, сите технички процедури со кои треба да ја преземе работата на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева која е во притвор за „Рекет“, ќе се договараат дополнително. 

На лидерската средба, синоќа лидерите на двете најголеми партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски се согласија дека СЈО е мртво.

Договор за Законот за јавно обвинителство нема. 

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева иако поднесе оставка и поминати се сите редовни процедури од Советот на јавни обвинители до Комисијата за именувања во Собранието, денес се спаси од разрешување.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата