Која македонска компанија подели 500.000 евра како 13-та плата

11.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Која македонска компанија подели 500.000 евра како 13-та плата

Вкупно 32,5 милиони денари изнесува 13-та плата која ја поделиле 297 работници во Македонски навигации, а компанијата за прв пат ја објавува како ставка во други трошоци за вработените во сопствениот извештај за 2018. Станува збор за исплатени над 800.000 евра а во оваа сума се и придонесите и данокот.

Претпријатието кое своите приходи ги темели на наплата на прелети и терминални услуги на македонските аеродроми поделило безмалку 3,5 милиони денари повеќе за 13-та плата во однос на претходната година. М-НАВ е една од ретките организации која дели 13-та плата во Македонија, придонесите за овој доход на вработените биле исплатени 13,3 милиони денари, а за персоналниот данок бил уплатен 3,6 милиони денари.

Исплатата на К-15 е 4,66 милиони денари и таа е намалена во однос на една година претходно за нешто повече од 2,3 милиони денари. Согласно колективниот договор, М НАВ им ги покрива трошоците на своите вработени за патување до Скопје, а тоа чинело 650.000 денари. Тука влегуваат и помош за вработени и јубилејни награди. Вкупно, сите други трошоци за вработени се во висина од 65,3 милиони.

Багодарение на зголемениот број на летови над македонското небо, Македонски навигации имаат значително поголем приход на годишно ниво од 1,055 милијарди денари, споредбено со 950 милиони денари остварени една година претходно.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата