Американската воена морнарица се пофали со ново моќно оружје во Тихиот океан

11.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Американската воена морнарица се пофали со ново моќно оружје во Тихиот океан

Современ воен брод на воената морнарица на САД, кој плови по водите на Тихиот океан опремен со ново оружје, според аналитичарите, може да го промени балансот на силите во нестабилните области како што е Јужното Кинеско Море, објави Си-ен-ен.

Американскиот „Габриел Гифордс“ е воен брод опремен со нови крстаречки ракети кои летаат над морската површина и е тешко да се забележат на радар, односно се управувани од беспилотен хеликоптер кои помага во навигацијата на ракетите.

Проектилите се дизајнирани да маневрираат и да ја избегнуваат непријателската одбрана.

Портпаролот на третата флота на САД ја потврди оваа информација за Си-ен-ен, посочувајќи дека ваквото оружје ќе ја зголеми борбената моќ на морнарицата на САД.

САД и Кина се обвинуваат едни со друг за наглата милитаризација на Јужното Кинеско Море, област во која многу земји го истакнуваат својот интерес, иако поголемиот дел морето го покрива Кина.

„Габриел Гифордс“ е првиот воен брод што е опремен со нови проектили за поморски напад, а во план е со ваквото ново оружје да се опремат повеќе од 30 бродови.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата