Трамп на 18-годишнината од најсмртоносниот напад во историјата на САД

11.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трамп на 18-годишнината од најсмртоносниот напад во историјата на САД

Американскиот претседател Доналд Трамп денес, по трети пат откако е на чело на САД, одбележа годишнина од терористичкиот напад во Њујорк на 11. септември 2001 година.

Во прогласот по повод годишнината која се одбележува како „Ден на патриотите“, Трамп се осврна на тоа колку јасно Американците се сеќаваат на моментот кога група терористи започна голем напад врз американско тло, при што загинаа скоро 3.000 луѓе.

„Убавото септемвриско утро се претвори во големо неверување, мачна тага и длабоко страдање. Сепак, американската храброст и сочувство никогаш не беа доведени во прашање“, наведува Трамп во соопштението.

Над американското знаме кое на Белата куќа се вееше на половина копје, Трамп им оддаде почит на жртвите со едноминутно молчење на јужниот тревник од резиденцијата. Покрај него беа првата дама Меланија Трамп и десетици членови на извршната власт.

Потоа тој замина на комеморација во Пентагон.

Потпретседателот Мајк Пенс ќе учествува на меморијалната служба во Шанксвил.

Нападот на 11. септември 2001 година се смета за најсмртоносен во историјата на САД, а одговорноста за него ја презеде терористичката организација Ал Каеда, чиј лидер Осама бин Ладен беше убиен 10 години подоцна во Пакистан.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата