Грција отвори истрага за исчезнато оружје од воена база

11.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Грција отвори истрага за исчезнато оружје од воена база

Грција отвори истрага откако инспекцијата откри дека од поморскиот објект на егејскиот остров Лерос исчезнало оружје, соопшти во средата портпаролот на грчката влада.

Властите открија дека исчезнало анти-тенковско оружје, муниција и рачни гранати од магацинот во базата оваа недела.

Претходната таква проверка беше спроведена минатата година, изјави пред новинарите владиниот портпарол Стелиос Петцас, додавајќи дека постојат индикации дека оружјето било отстрането постепено.

„Повеќето индикации укажуваат на периодот од јануари 2019 година до летото како период на отстранување“, рече Петцас.

Грчката единица за борба против тероризмот учествува во прелиминарната истрага, рече тој.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата