Бојко Борисов тврди дека бугарската влада не е вмешана во аферата со рускиот шпион

11.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бојко Борисов тврди дека бугарската влада не е вмешана во аферата со рускиот шпион

Бугарскиот премиер Бојко Борисов изјави дека владата што тој ја предводи не е вмешана во апсењето на раководството на организацијата „Русофили“ кои се обвинети дека шпоонирале во корист на Русија, пренесува „Спутник“.

Николај Малинов, претседател на „Русофили“, беше обвинет дека се ставил во служба на странски организации за да работи како шпион. Ако биде прогласен за виновен тој би можел да добие казна од 15 години затвор. Малинов е пуштен од притвор, но му е забрането да ја напушти земјата.

Обвинителите пронашле документ подготвен од Малинов во кој се наведуваат потребните чекори за целосно да се смени геополитичката ориентација на Бугарија, односно оддалечување од Западот и приближување кон Русија. Малинов постојано повторува дека е против Бугарија во НАТО:

„Ние сме категорично против користењето на бугарските воени бази од страна на САД“.

Бугарскиот претсдател Румен Радев изјави дека обвинувањата против Малинов се многу сериозни, но додаде дека се неопходни неспорни докази дека тој тоа и го направил.

Борисов рече дека ситуацијата на никаков начин не е поврзана со дипломатските тензии што се создадоа меѓу Русија и Бугарија по руската изложба посветена на ослободувањето на Источна Европа од фашистите.  На отворањето, рускиот амбасадор во Софија, Анатолиј Макаров, изјави:

„Само еден поглед кон тие фотографии кои покажуваат радосни Бугари е доволен за да се види дека маршот на Руската армија бил долгоочекуван и спасувачки“.

Во невообичаеното остро соопштение на бугарското Министерство за надворешни работи ѝ  беше порачано на Руската амбасада да не го поддржува „спорното“ историско тврдење оти Бугарија ја ослободиле Советските сили во 1944 година.

„Јас немам улога во сето тоа. Тоа е процес што се води на истражно ниво. Едни ја сакаат Русија, други Америка, а трети Европа. Кога се појавува нешто со што не сме согласни, нашето МНР реагира,“ посочи тој.

Бугарската Социјалистичка партија смета дека апсењето е изведено токму на 9 септември со намера да се прикријат одредене работи што се случуваат во земјата. Според лидерот на партијата, Корнелија Нинова, сето ова е изведено во воочи предизборната кампања и дека Борисов е подготвен на се за да ја задржи власта.

 

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата