Приштина го откажа учеството на самитот во Прага поради изјавата на Земан

11.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Приштина го откажа учеството на самитот во Прага поради изјавата на Земан

Претставниците на официјална Приштина го откажаа планираното учество на самитот на Вишеградската група и Западен Балкан во Прага поради најавата на чешкиот претседател дека наското во својата земја ќе го покрене прашањето за можно повлекување на признавањето на Косово, пренесува агенцијата ЧТК, повикувајќи се на неименувани дипломатски извори.

Тие извори наведуваат дека засега не е потврдено доаѓањето на ниту еден гостин за утрешната средба на премиери во Прага, но сепак и понатаму се разговара за тоа претставници на Приштина да бидат присутни макар на некое ниво, пренесува „Радио Прага“.

Ќешкиот претседател Милош Земан најави денес во Белград дека за еден месец , на состанокот на уставните власти во Прага, ќе го постави прашањето дали може да се повлече признавањето на независноста на Косово.

Земан, имено, не го дели ставот на чешката влада која ја призна самопрогласената независност на Косово. Тој претходно потсети дека Хашкиот трибунал покренао истрага за воени злосторства нба Косово, поради што косовскиот премиер поднесе оставка.

„Во врска со тоа би изразил лично мислење- држава што ја преводат злосторници не би требало да биде дел од заедница на демократск земји,“ нагласи Земан.

 

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата