Како се ректираше, се уриваше правен систем за на крај Катица да оди во куќен притвор

11.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Како се ректираше, се уриваше правен систем за на крај Катица да оди во куќен притвор

Македонија влегува во фаза на политички, државен и правен хаос. И формално, влегува во диктатура која до сега, а и од сега, ја гледаме фактички. Никој, ама баш никој било да е тој од СДСМ, ВМРО, ДУИ, Алијанса... да е стар, млад или од било кој пол нема луксуз да не го гледа тоа, да не го загрижува и да мисли дека не се однесува на него. Напротив, секој е потенцијална жртва на диктатурата, било сега било подоцна. Она што сега го наметнува СДСМ кон едните сосема легитимно ВМРО ДПМНЕ ќе може да го неметнува утре кон другите. Затоа, сега е време да се каже: доста е. Запирате сега, и овде.

Основа на која се темели една држава, статусот и постоењето на нејзините граѓани и бизнисот во неа е – правниот систем. Тоа е разликата помеѓу она што го гледате во правно уредените општества и државите на Западна Европа и она другото кое го гледате на Балканот, Киргистан, Азарбејџан, Кина или Либан...

Македонија сега правен систем - нема. Причина за тоа уривање е заташкување на најголемата финансиско-политичка афера Рекет, сопствен спас од кривично гонење за Зоран Заев, неговата фамилија и соработниците, и спас за до коска корумпираниот режим со кој Зоран Заев и Али Ахмети раководат.

По амнестијата за корупциите со трговскиот центар Глобал, а потоа и снимениот криминал познат како Евро за Вицето, ова е обид на Заев за трета амнестија. Од кога е Зоран Заев во политиката, корупцијата е постојано со него.

Уривањето почна со откривањето на скандалот Рекет. Нема никаков доказ дека рекетите на Боки 13 и синот на Катица Јанева заедно со неговата мајка, шеф на СЈО, прв ги пријавил Зоран Заев во ЈО кај Вилма Рускоска. Нема никаква писмена трага дека Заев дал информација за тоа, а мора да има. Ако имаше досега ќе ја видевме, а допрва можеме да очекуваме антидатиран запис за да се заштити Зоран Заев од одговорност. За рекетите Зоран Заев очигледно знаел многу порано, и ги покривал. Не е битно дали од нив земал пари за себе, тој со министрите Анѓушев и Филипче има многу поголеми извори на црни пари, но сосема е извесно дека од тие милиони имало и за неговите први соработници, и за партијата. Така купувал мир во куќа, и соработниците да не му пречат во неговите бизниси.

Скандалот го откри Орце Камчев, со пријава во УБК а потоа, од УБК во Јавното обвинителство. Таа успешна фаза е ставена во функција затоа што директорот во УБК Горан Николовски, заедно со неговите претходници и соработници Сиљан Аврамовски и Лазе Велковски важат за респективни кај американската амбасада и оттаму имаат поголем степен на одговорност и самодоверба во одлучувањето па директорот на УБК Горан Николовски во старт и по пријава од сопругата на Орце Камчев се нафатил да го работи случајот Рекет. Било кој друг во полицијата, освен овие тројца, согласно досегашната пракса би се јавил кај Заев, би се наплатил со пари, функција и привилегии и Рекет денес не би ни постоел како предмет.

Случајот го добива обвинителката Вилма Рускоска. По самоуништувањето на Катица Јанева таа ја гледа својата шанса, ги знае релациите на Горан Николовски со американската амбасада, и знае дека поради тоа не може туку така да го заташка случајот. Амбасадата многу се внесе во создавањето и работата на СЈО за да дозволи Катица Јанева и Боки да поминат неказнети откако од нејзина страна е злоупотребена нивната доверба.

Но, потоа притисоците од владата и Заев врз обвинителството се големи, а одеднаш во целиот случај се вмешува и Државниот јавен обвинител Љубомир Јовевски кој воспоставува контрола, па дури и настапува и зборува на прес конференции иако до него седи надлежниот обвинител Вилма Рускоска, која молчи додека тој објаснува, и пред да заврши истрагата тврди дека нема сомнителни политичари и слично. Исто како Заев и Јовевски пред време најавува и наредува што треба да прави Советот на обвинители.

До пред три месеци Јовевски јавно тврдеше дека ЈО не може да ги преземе предметите од СЈО, но одеднаш го смени ставот. Има многу можни профитни и кариерни мотиви и интереси во однесувањето на Љубомир Јовевски. Задача на ВМРО ДПМНЕ е веќе догодина темелно да поработи на ова.

Конечно,  под притисок на јавноста, откако уништи докази, замина на одмор, влијаеше на сведоци... Катица Јанева е ставена во притвор. Еско Рахиќ, директорот на Шутка како знак на благодарност што му ја вработила ќерката во СЈО не ја сместува во стандарден затворски простор, туку во просторија посебно наменета за неа.

Катица Јанева од затвор дава оставка пред Собранието да ја разреши. Потоа пишува ново писмо, до СЈО со наредба предметите да се предадат на Јовевски во Јавно обвинителство (ЈО). Јовевски потврдуав дека ќе ги преземе. Но, следи ново писмо од Катица Јанева, првото не било валидно. Потоа му пишува и на Јавното обвинителство да ги преземе предметите на СЈО. Јовевски, конечно, потврдува дека ги презема. Патем, Љубомир Јовевски изјавува дека ќе ги преземе и обвинителите од СЈО за да ги водат истите случаи и понатаму. Од истото СЈО кое е заглавено во непотизам и корупција до гуша, и чиј шеф е во притвор. Ова, инаку, е спротивно и на законот за СЈО со кој се именува само шеф на СЈО, а сите обвинители како помошници без самостојни овластувања потоа шефот ги предлага до Советот на обвинители. Помошниците без овластувања треба да се вратат од каде што дошле, така кажува законот но, не и човекот на Заев, Љубомир Јовевски.

Може ли Катица Јанева да издава наредби за истраги и судски процеси од притвор? Не може вели законот бидејќи со тоа директно влијае и на својата истрага за рекет бидејќи, помеѓу останатото, предметите Империја, Базни станици и Поштенска банка за кои е рекетирано се во СЈО.

Не може и заради фактот што во сите премети доказен материјал се нелегално снимени телефонски разаговори за кои овластување за употреба како доказ има само СЈО, а не и Јавното обвинителство. Во судските предмети кои се во тек, без обвинител од СЈО, телефонските разговори не можат да се користат како доказ. А бидејќи тие телефонски разговори се предмет на одлука уште кај судија на претходна постапка - дали воопшто да се води судски процес, сега по нивната ништовност како доказ се менеува суштински доказниот материјал и тоа од клучно влијание - дали без телефонските разговори судија на претходна постапка би одобрил судење, или не. Јавното обвинителство ниту има, ниту без нов закон може да има било каква надлежност на телефонските разговори како доказ.

Заев гази преку сите овие закони и судски постапки и го урива правниот систем. Го изигра законот за СЈО, потоа според изјава на градоначалникоѕт од Сарај, кој е од ДУИ, успеа да купи два гласа во Судскиот совет за да го смени претседателот на Врховен суд Јово Вангеловски иако за спорната одлука на Врховен за притворот на Сеад Кочан не гласал Јово Вангеловски сам туку целиот совет, а никој освен него не е повикан на одговорност. Јово Вангеловски беше единствен човек во целиот правосуден систем кој не е под контрола на Зоран Заев. За двата гласа на ДУИ во Советот за смена на Вангловски Али Ахмети доби нова партиска функција, сега човек на ДУИ е ВД претседател на Врховниот суд.

Надвор од закон, Јавното обвинителтво ги презема предметите од СЈО, сега треба да ги преземе и компромитираните обвинители од СЈО, и да води истрага и судски процеси исклучиво против функционери на ВМРО, бизнисмени и новинари кои не се под контрола на Заев и му пречат во воспоставување на диктатурата. Дополнително, неговиот Јовевски да тера три процеси во кои има последица бришење на ВМРО ДПМНЕ од регистарот на партии, одземање на имотот на партијата и судење со закана од затворска закана за половина од врвот на сегашното ВМРО ДПМНЕ.

Од професорот Гордан Калајџиев, некогаш најсериозниот кандидат за шеф на СЈО пред да ја изберат Катица Јанева, дознаваме дека нејзините писма се пишувани на компјутер, што значи дека некој ги напишал и и ги дал на потпис. На крајот, службените дописи, одлуки и наредби на Катица Јанева не се заверени како излезни документи во СЈО, немаат архивски број и печат. Не ни можат да имаат ако се почитувал закон. Но, да потсетиме, Заев веќе го урна правниот систем, и ништо не мора да се почитува освен неговата воља и неговиот интерес.

Катица Јанева, за награда од Заев – ќе биде пуштена наскоро во куќен притвор! Дополнително, нема да има истрага за нејзиниот син Лазар Јанев кој има и формална и фактичка одговорност бидејќи е потписник на договорите кои 1ТВ на Боки ги користеле за рекет на бизнисмените.

ДУИ си купи заштита од истрагите на СЈО против нивните функционери. Купија и судско ослободување за поткупот од 5 милиони евра од скандалот Телеком. Добија нови функции во судството, а наскоро и во банкараскиот систем. За тендерите од владата кои ќе им ги подари Зоран Заев се подразбира.

Сега, во преговорите со ВМРО ДПМНЕ за новиот Закон за Јавно обвинителство Заев наметнува свое, персонално решение, за шеф на организран криминал во ЈО и тој лично избира шефот да биде Вилма Рускоска. Само таа и никој друг да ги води предметите за Рекет. На истиот начин ја наметнуваше и Катица Јанева во СЈО, а денес гледаме кои му биле мотивите и каква била соработката на Катица Јанева со Зоран Заев, и неговите соработници.

Сето ова го гледаат и следат и од американската амбасада, авторот и менторот на проектот СЈО и реорганизација на правосудниот систем во функционален. Заев можеби ќе се спаси од одговорност, заедно со неговиот брат и двајцата братучеди кои се длабоко навлезени во корупцијата заради тоа што заврши работа за промена на уставното име и двојазичноста, како и договорот со Бугарија но, останатите го немаат тој кредит кај Амбасадата.

Љубомир Јовевски, Вилма Рускоска, Советот на судии и Советот на обвинители кои одработуваат за Заев во уривањето на правосудниот систем за да се уништи ВМРО ДПМНЕ и да се спаси Заев со фамилијата од одговорност треба да знаат дека американската амбасада има високи принципи и потреба овие проекти да поминат легално, како и да бидат јавно прифатливи, и дека тие немаат кредити кај неа.

Сето ова што се случува во Македонија го гледаат во регионот, но и во Европа и расплетот во голема мера ќе влијае и на угледот на американската политика и нивната амбасада. Никој не гледа благонаклоно на политика која ја спроведуваат заштитетни корупирани политичари и олигарси, спроведена низ уривање на цел правосуден систем во една држава за да се заштитат истите од одговорност.

(vecer.mk)

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата