Подобрена здравствената состојба на Михаел Шумахер во париската болница

11.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Подобрена здравствената состојба на Михаел Шумахер во париската болница

Михаел Шумахер е во свесна состојба откако во понеделникот беше примен во париска болница на лекување со матични клетки. Седумкратниот шампион во Формула 1 пристигна во болницата Жорж Помпиду поради трансфузија на матични клетки кои намалуваат воспаление. Во 2013 година, 50-годишниот Германец се здоби со тешки повреди на мозокот додека скијаше на Алпите.

Легендарниот возач на Формула 1 треба да биде пуштен од болница денес, а неименувана француска медицинска сестра за „Ле Парисиен“ рече:

„Да, јас сум одговорна за Шумахер и бидете сигурни дека тој е свесен“.

Мајкл Шумахер е во индуцирана кома од неговата несреќа на скијање, а специјализирана нега добива во неговиот дом во Лозана од септември 2014 година. „Ле Парисиен“ исто така тврди дека Шумахер два пати бил лекуван во болницата Жорж-Помпиду во Париз, но секојпат бил примен под лажно име.

Неговиот престој во болницата во Париз привлече големо внимание на јавноста, па цело време Шумахер го придружуваа десетина агенти за безбедност.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата