Остров во Ирак на кој прибежиште нашле терористите на Исламска држава, беше уништен во вторникот вечерта со речиси 36 тона бомби исфрлени од американските и сојузничките воени авиони, пренесува „Брејтбарт“.
Драматичните воздушни снимки покажуваат повеќе експлозии додека бомби паѓаа врз островот Канус проследени со огромни облаци во форма на печурки над реката Тигар.
Американските „Ф-15 страјк игл“и „Ф-35А лајтнинг II“ летаа заедно со авионите на ирачкото воздухопловството за да ја уништат целта во провинцијата Саладин во операција за уништување на голем терористички транзитен центар од Сирија и од пустината Јазеира во Мосул, Махмур и Киркук во Ира.
Островот Канус е во близина на оперативната база на САД во Кајајара.
Носивоста на Ф-35А е околу 8.100 кг, додека Ф-15 може да носи 13.380 кг. Минатиот септември првите ловци Ф-35 беа користени во мисија против Талибанците во Авганистан.
Генерал-мајор Ерик Т. Хил, командант со операцијата „Инхерент ризолв“ предводена од САД против ИД, рече:
„Нема да ѝ дозволиме на ИД да се скрие на островот Канус. Обезбедуваме услови за нашите партнери да продолжат да носат стабилност во регионот . Коалициските сили употребија 36 тони муниција на островот за да спречат терористите да се кријат во густата вегетација“.
извор: Makfax