Громогласни овации за Рене Зелвегер во улога на Џуди Гарланд

11.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Громогласни овации за Рене Зелвегер во улога на Џуди Гарланд

Филмот кој ја обработува животната приказна на Џуди Гарланд беше топло примен на филмскиот фестивал во Торонто.

Главната улога на Џуди Гарланд ја толкува Рене Зелвегер, а премиерата на филмот во Британија е закажана за наредниот месец.

Дејството е сместено во 1968 година, а го отсликува животот на Гараланд во период кога таа се бори со зависност и финансии.

„Сиве 15 години не сум видела овации како оние за Рене Зелвегер за улогата на Јуди“, изјави Џенел Рајли од магазинот „Варајати“.

„Океј, претстанете веќе – ќе ми ја расипете шминката“, се пошегува Зелвегер по громогласниот аплауз.

Филмот се фокусира на период кога Гарланд живее во Лондон и се обидува да ги врати својот живот и своите финансиски проблеми во колосек. Сепак, кревката психа на Гарланд попушта и нејзините последни месеци таа ги поминува бурно и без контрола.

Гарланд почина од предозираност на возраст од 47 години, шест месеци по завршувањето на претставите во Лондон.

Филмските критичари во Торонто дадоа високи оценки за филмот, а според приемот на публиката, големи се шансите Зелвегер да влезе во трката за Оскар.

„Нејзината трансформација е неверојатна, а подолгите секвенци јасно ја покажуваат нејзината способност да ги изведе специфичните манири на Гарланд“, вели еден критичар во својата рецензија.

Според нејзините соработници, Рене Зелвегер има тенденција да се соживее со ликот додека снима филм.

„Рене се вложи и емоционално и уметнички за улогата на Џуди. Ова е нејзин филм. Мислам дека Џуди ѝ е под кожа“, вели костимографот Јани Темим.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата